Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека разговарал со американскиот државен секретар Марко Рубио за условите под кои унгарската нафтена компанија МОЛ би можела да ја купи српската рафинерија НИС, пренесуваат унгарските медиуми.

На заедничка прес конференција со Рубио кој денеска престојува во Будимпешта, Орбан порача дека Унгарија и САД се клучни за договорите во областа на енергетиката кои ги опфажаат нафтата, гасот и нуклеарната енергија.

Унгарија е единствената земја на која САД и дозволи да купува руски гас и нафта, потсети Орбан.

Слични новости

Бугарија целосно премина на евро

. Од 1 февруари, бугарскиот лев замина во историјата, а еврото стана единственото законско средство за плаќање во земјата, со што заврши и едномесечниот преоден период во кој двете валути истовремено циркулираа во прометот.