Унгарија работи на наоѓање начин да ги заобиколи американските санкции врз руските нафтени компании, изјави во петокот премиерот Виктор Орбан, без да даде детали или да наведе дека ќе ги игнорира санкциите.

Американскиот претседател Доналд Трамп, близок сојузник на унгарскиот челник, во средата воведе санкции врз Русија првпат во својот втор мандат, насочени кон „Лукоил“ и „Росњефт’, во обид, како што тврди, да изврши притисок врз Москва да се согласи на прекин на огнот во Украина.

 

Потегот на Трамп ги зголеми цените на нафтата и ги загрижи Унгарија и Словачка, најголемите купувачи на руска нафта во Европската унија, кои веќе мораа да обезбедат изземања од европските антируски санкции.

Орбан рече дека разговарал со унгарската компанија за нафта и гас MOL за санкциите. „Работиме на тоа како да ги заобиколиме овие санкции“, рече тој во интервју за државното радио Кошут.

Рафинериите на MOL во Унгарија и Словачка, со комбиниран капацитет за преработка од 14,2 милиони тони сурова нафта годишно, зависат од руската сурова нафта транспортирана преку нафтоводот Дружба.

Словачката подружница на MOL – Slovaft, во четвртокот изјави дека го анализира можното влијание на американските санкции, кои треба да стапат на сила подоцна во ноември, врз нејзиното работење. MOL и минатата година, како и со повеќепати изминатите две децении, се соочи со проблеми со снабдувањето кога Украина ги прекина испораките преку цевководот Дружба преку нејзина територија и воведуваше санкции за руските компании.

globe

Слични новости

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Замир постави нова граница со Појасот Газа

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, изјави дека линијата до која се повлекоа израелските сили сега е новата граница меѓу Израел и палестинските територии

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од поплавите во кои загинаа над 900 луѓе

Индонезија се справува со последиците од масовните лизгања на земјиштето и ненадејните поплави предизвикани од циклонот на островот Суматра минатата седмица, при што бројот на жртвите во неделата надмина 900 луѓе