Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави консултаци со словачкиот премиер Роберт Фицо поради блокадата на транзитот на нафтата низ нафтоводот „Дружба“ за која Будимпешта го обвини Киев.
Орбан порача дека со Фицо ќе разговараат за проблемот и нагласи дека испораките на руска нафта мора итно да бидат обновени, затоа што, како што рече, станува збор за политичка одлука на украинското раководство, а не за технички проблем.
Будимпешта и Братислава на 27 јануари останаа без испораки на руска нафта откако Украина го прекина транзиотот на нафтата преку нафтоводот „Дружба“. Орбан го обвини украинскиот претседател Зеленски дека намерно не ги обновува испораките и дека со тоа ја загрозува енергетската безбедност на Унгарија.
Унгарија поради проблемот стави вето на последната транпша помош на Европската унија за Украина.
Слични новости
Албанската влада ја укина забраната за Тикток
Албанската влада ја укина привремената забрана за Тикток, воведена пред единаесет месеци, според официјален документ на кабинетот на премиерот.
„Вашингтон пост“ отпушти повеќе од 300 новинари
Компанијата отпушти околу 30 отсто од сите свои вработени, вклучително и повеќе од 300 од околу 800 новинари во редакцијата.
Од разговорите за мир во Украина, засега само договор за размена на заробеници
Американскиот претседателски претставник Стив Виткоф изјави дека САД, Украина и Русија на разговорите во Абу Даби се согласиле да разменат 314 заробеници во „првата таква размена за пет месеци“.