Граѓанката платформа „Ало инспекторе“ најави нов генерален бојкот на сите производи и услуги ширум Хрватска за овој петок, 7-ми февруари, и еднонеделна блокада на еден малопродажен синџир од сабота.

За тои кој малопродажен трговски синџир потрошувачите ќе го блокираат на седум дена ќе се одлучи врз основа на анкетата објавена од платформата на нејзината веб-страница, која ќе трае до денеска на полноќ.

„Ќе ја затвориме анкетата на полноќ и ќе објавиме во текот на ноќта кој синџир ќе биде предмет на еднонеделен бојкот. Сите синџири ќе дојдат на ред, но некој мора да биде прв“, изјави Јосип Клемен, претседател и портпарол на платформата за потрошувачи „Ало инспекторе“.

Изјави и дека потрошувачите во Србија, Босна и Херцеговина и Македонија, исто така, повторно се приклучуваат на бојкотот, а во тоа се приклучиле и на Косово.

Вечерва завршува еднонеделниот бојкот на три трговски синџири во Хрватска – „Lidl“, „Eurospin“ и „DM“ и три вида производи – кока-кола и други газирани пијалаци, флаширана вода и детергент за миење садови.

Хрватската влада на минатонеделната седница донесе Одлука за директни мерки за контрола на цените на одредени производи и категории производи во трговијата на мало, со која се утврдува список од 70 производи со ограничени цени. На овој начин сака да помогне во заштитата на граѓаните од високите цени во продавниците. Одлуката стапува на сила во петок, 7-ми февруари.

Во меѓувреме, Министерството за економија во средата испрати на јавна консултација предлог Законот за вонредни мерки за контрола на цените на производите, со кој се пропишува начинот на кој трговците ќе известуваат за ограничените цени, како и за строгите казни доколку се прекршат одредбите од законот. Консултациите траат осум дена.

globe

Слични новости

Апсења во Сараево на припадници на балкански криминални групи

Апсења во Сараево на припадници на балкански криминални групи

Во вторникот, на барање на нивните колеги од Словенија, сараевската полиција спроведе рации со цел да ги приведе припадниците на организираниот криминал поврзани со убиството на Сатко Кекиќ, сведокот покајник

Америка ја замрзнува помошта за Косово

Америка ја замрзнува помошта за Косово

Околу 130 милиони евра кои Америка ги дава како помош на Косово би можеле да бидат замрзнати, по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја суспендира странската помош на период од три месеци.