Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврди дека единиците на локалната самоуправа не ги користат целосно своите фискални капацитети, што резултирало со речиси три милијарди денари ненаплатени побарувања од даноци, такси и надоместоци во периодот од 2020 до 2024 година.
Според ревизорскиот извештај, причините се слабости во регулативата, застарени методологии, нецелосни регистри, недоволни човечки ресурси и несоодветни софтверски решенија. Особено е посочено дека голем дел од долговите за данок на имот се постари од пет години, што укажува на недоволна наплата од општините.
Од ДЗР препорачуваат преземање мерки за подобрување на системот на локални приходи, ажурирање на регистрите, зајакнување на административните капацитети и поефикасно следење на обврзниците со цел поголема финансиска стабилност.
Слични новости
Пожарот кај Рамни Габер се уште не е изгаснат
Противпожарните екипи на Град Скопје и во текот на ноќта остаа да ја следат состојбата во селото Габер, кое беше зафатено од пожарот што се прошири од село Моране.
Македонија со напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност
Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност, искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии.
И денеска сончево и многу топло со температури до 40 степени
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Максималната температура во Македонија ќе достигне од 32 до 40 степени.


