Рано утрото во понеделникот околу пет часот во кругот на струмичката болнца целосно изгореа две хаварисани возила, извести противпожаната единица во Струмица.

Според информацијата, во гаснењето на запалените возила интервенирале со едно против пожарно возило и тројца пожарникари.
Во информацијата се додава дека пожарот бил локализиран и ликвидиран за кратко време по пристигнувањето и било спречено негово проширување на околните објекти.
Извршен е увид на местото на пожарот, а причините ќе се испитуваат.
Слични новости
Таравари: Во моментот 118 лица згрижени низ болниците во државата, понудена помош од соседните земји
Министерот за здравство Арбен Тараври изјави дека повредени од пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени низ државните болници и на Клинички центар во Скопје и на сите им е укажана медицинска помош. Засега имаат капацитети државните болници, а им била понудена и помош од држави од соседството.
Тошковски: 51 лице загина, над 100 повредени во пожарот во Кочани
Педесет и едно лице загина, а повеќе од 100 се повредени во синоќешниот пожар во дискотека во Кочани, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
Најмалку 50 жртви во пожар во дискотека во Кочани
Изминатата ноќ во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувнал пожар во кој, според информации на Министерството за внатрешни работи за медиумите, има најмалку 50 загинати