Јужнокорејската компанија „Самсунг електроникс“ денеска објави дека во третиот квартал оствари оперативна добивка од 71,3 милијарди евра. Тоа е девет пати повеќе отколку во истиот период минатата година, пред се благодарение на големата побарувачка за полупроводници наменети за вештачката интелигенција, јави Си Ен Би Си.
Приходите на компанијата пораснаа за 126,9 насто на близу 130 милиони евра, а од тоа 50 милијарди евра се нето добивка, што е зголемување за над 500 насто.
Компанијата оекува дека побарувачката за мемориски чипови за системите за вештачка интелигенција ќе продолжи да расте и во текот на 2027, и дека значително ќе ја надмине расположливата понуда.
Слични новости
Европските индекси во плус, нафтата Брент падна на 101 долар за барел
Денеска на берзите цената на нафтата Брент падна за 0,74 насто на 101,5 долари за барел, а американската лесна нафта ВТИ падна за 1.29 насто на 89,9 долари за барел.
Порастот на цената на енергентите на светските пазари ќе се рефлектира врз цената на парното во Македонија
Кога во јули се пресметувала новата цена на парното, природниот гас бил калкулиран по околу 40 евра за мегават-час. Денес берзанските цени се движат над 70 евра, а во одредени периоди достигнувале и околу 80 евра.
Еврото падна на најниско ниво во последните 17 месеци
Еврото падна на најниско ниво од мај 2025 година, притиснато од зголемената загриженост на инвеститорите за политичките и фискалните ризици во Европа.Заедничката европска валута ослабе за дури 0,8 отсто, во азиското тргување.


