ОПЕК + одобри симнолично зголемување на производствените квоти на нафта за следниот месец но предупреди дека штетата врз енергетските ресурси на Блискиот Исток ќе има долгорочно влијание врз залихите на нафта дури и по завршувањето на војната со Иран.

Клучните производители, предводени од Саудиска Арабија и Русија, се согласија да ги зголемат своите мајски производствени цели за околу 206.000 барели дневно.

Со оглед на тоа што извозот на нафта од Заливот е ограничен од војната, а големите регионални производители се принудени да ги намалат залихите, потегот на групата е симболичен.

Сепак клучно е ослободувањето на Ормутскиот теснец, бидејќи таму минува една петтина од светската нафта, а Иран сеуште го држи затворен и покрај заканите на американскиот претседател Трамп.

 

Слични новости

Лани профиотот на Мерцедес падна за 50 насто

Лани профиотот на Мерцедес падна за 50 насто

Германскиот производител на автомобили Мерцедес-Бенц денеска објави дека неговиот профит опадна од 10,4 милијарди евра во 2024 на 5,3 милијарди евра во 2025, што претставува намалување за речиси 50 насто.