Разговорите меѓу Русија и САД беа предизвикувачки но полезни, а Обединетите нации и другите земји ќе бидат вклучени во дополнителни дискусии, изјавил за агенцијата ТАСС член на руската делегација на разговорите.
„Се разговараше за сѐ – дијалогот беше интензивен и предизвикувачки, но многу полезен за нас и за Американците“, изјави рускиот сенатор Григориј Карасин, додавајќи дека се разговарало за многу проблеми.

Карасин, поранешен дипломат, рече дека разговорите ќе продолжат и ќе ги вклучат Обединетите нации и други засега неименувани земји.
„Ние ќе продолжиме да го правиме тоа, вклучително и меѓународната заедница, првенствено Обединетите нации и одделни земји“, вели тој без да прецизира за кои земји станува збор.
„Генерално, впечатокот беше дека стануваше збор за конструктивен дијалог, кој е итно потребен. За тоа се заинтересирани и Американците“, рече Карасин.
Руски извор изјавил за Reuters дека нацрт-заедничката изјава е испратена до Москва и Вашингтон на одобрување, а страните имаат намера да ја објават во вторник.
Слични новости
Руте: Четворица американски војници загинаа на вежба во Литванија
Четворица американски војници загинаа за време на вежби во Литванија, изјави во средата генералниот секретар на НАТО, Марк Руте за време на посетата на Варшава
Лавров ги потврди разговорите со САД за гасоводот „Северен тек“
Во тек се разговори меѓу Русија и САД за гасоводот Северен тек што ја поврзува Русија со Германија под Балтичкото Море, изјави во средата рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за руската државна телевизија
Европска комисија препорачува: Обезбедете залихи за најмалку три дена
Европската комисија во средата ја претстави стратегијата за подготвеност на Европската унија за природни катастрофи, кибернетички напади, геополитички кризи и ги повика граѓаните да се обезбедат со неопходните проукти за најмалку три дена