Обединетите нации соопштија дека кризата во Ормускиот Теснец може да предизвика глобална катастрофа во земјоделството.

Организацијата за храна и земјоделство на ОН предупреди дека продолжената криза во Ормускиот Теснец би можела да предизвика глобална катастрофа во земјоделството поради прекини во извозот на ѓубрива и енергија, зголемување на цените на храната и намалени приноси на културите.

 Во соопштението се наведува дека најсиромашните земји ќе претрпат најмногу поради намаленото земјоделско производство, инфлацијата и побавната глобална економија. ФАО го издаде предупредувањето неколку часа откако почна американската поморска блокада на иранските пристаништа.

 

Слични новости

Иран го затвори Ормускиот мореуз

Иран го затвори Ормускиот мореуз

Ова е прв пат Иран да го затвори овој клучен воден пат, низ кој минува 20 насто од светската нафта, откако САД почнаа да му се закануваат на Иран и да испраќаат воена опрема во регионот.