Американскиот претседател Доналд Трамп наметнува „фундаментална промена“ во насоката на Соединетите држави што е „длабоко загрижувачка“ шефот на одделот при Обединетите нации за човекови права, Фолкер Турк, кој во понеделникот остро ја критикуваше новата администрација во Вашингтон.
Во традиционалниот говор пред Советот за човекови права, во кој презентираше детална анализа на ситуацијата во светот, Тирк ја осуди „контролата и влијанието“ што наводно ја вршат „неизбраните технолошки олигарси“.
Во Соединетите држави, истакна Австриецот, „со децении уживавме двопартиска поддршка за човековите права, но сега сум длабоко загрижен за фундаменталната промена во насоката што се случува на национално и меѓународно ниво“.

Без да го именува американскиот претседател, Тирк истакна дека „парадоксално, политиките чија цел е да ги заштитат луѓето од дискриминација сега се нарекуваат дискриминаторски“, додека „напредокот кога станува збор за родовата еднаквост сè повеќе се забавува“, сето тоа како дел од нападот на политиките „DEI“ (различност, еднаквост, инклузија).
Во исто време, „дезинформациите, заплашувањата и заканите, особено оние насочени кон новинарите и државните службеници, претставуваат опасност за работата на независните медиуми и функционирањето на институциите“, а говорите кои сеат „поделби“ се користат „за да се измами и поларизира“ општеството и да се поттикне „страв и вознемиреност“, посочи Тирк.
САД не учествуваа во дискусијата, бидејќи претседателот Доналд Трамп потпиша указ за повлекување од Советот за човекови права, тело во кое земјата сега е набљудувач.
Во својот напад врз „технолошките олигарси“, првиот човек на ОН за човекови права не спомна конкретни имиња, дури ни извршниот директор на „Tesla“ и „Space X“ или сопственикот на социјалната мрежа X, Илон Маск, богат човек кој стана многу близок советник на американскиот претседател. Мисијата на Маск да го реформира федералниот апарат продолжува да го тресе Вашингтон.
„Мал број неизбрани технолошки олигарси ги имаат на располагање нашите податоци – знаат каде живееме, што работиме, знаат сè за нашите гени и здравје, за нашите мисли, навики, желби и стравови. Тие нè познаваат подобро отколку што се познаваме себеси и знаат како да манипулираат со нас“, рече Тирк.
Истакнувајќи дека отсуството на соодветни прописи „може да резултира со угнетување, потчинување, дури и тиранија“, Тирк ги повика државите и владите „брзо да се прилагодат“ на новата ситуација и да соработуваат со цел „да ја исполнат својата должност, а тоа е да ги заштитат граѓаните од неконтролирана моќ“.
Слични новости
Зеленски: Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии како руски
Украина никогаш нема да ги признае окупираните територии за руски, изјави во средата украинскиот претседател Володимир Зеленски, ден откако во саудиска Џеда неговите претставници го прифатија американскиот предлог за триесетдневно примирје во војната со Русија
Лондон е разочаран од американските царини, но не планира контрамерки
Обединетото Кралство нема намера веднаш да воведе контрамерки против Соединетите држави откако во средата стапија на сила царините од 25 отсто за американскиот увоз на челик и алуминиум од целиот свет, како што вети американскиот претседател Доналд Трамп, објави во средата британската влада
Руски извори се скептични за американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот
Руски извори реагираа претпазливо на предлогот на САД за 30-дневен прекин на огнот што Киев го поддржа во средата, велејќи дека секој договор за ставање крај на војната во Украина треба да го земе предвид напредокот на Русија и да одговори на загриженоста на Москва