Перспективниот италијански тренер Роберто Де Зерби веќе не е тренер на Олимпик од Марсеј откако клубот се реши на спогодбен раскин на договорот со Италијанецот.

На Де Зерби му беше прогледно низ прсти за поразот од Бриж и елиминацијата во Лигата на шампионите, но по дебаклот против ПСЖ, клубот реши да му даде отказ.

Следниот меч што ќе го игра Олимпик без Де Зерби е на домашен терен против Стразбур, но со веќе двоцифрено бодовно заостанување зад водечкиот ПСЖ.

Слични новости

Денвер го презеде петтото место на Западот по тешка победа против Торонто

Денвер го презеде петтото место на Западот по тешка победа против Торонто

Денвер Нагетс утринава ги победија Торонто Рапторс со 121:115 и се искачија на петтото место во исклучително компетитивната Западна конференција на НБА лигата. Натпреварот беше решен во последната минута во која двата тима влегоа со ист број на кошеви.