Околу 75.000 американски федерални службенинци ја прифатија понудата од администрацијата на претседателот Доналд Трамп доброволно да ја напуштат службата, изјави доцна во средата портпаролот на Бирото за управување со персоналот на САД.

Програмата за доброволно заминување е еден од многуте пристапи што Трамп ги презема за да ја намали федералната работна сила од 2,3 милиони луѓе, обвинувајќи ја за неефикасност и пристрасност против него.

Тој, исто така, им нареди на владините агенции да се подготват за опсежни кастрења на работните места во федералната администрација, а неколку веќе почнаа да отпуштаат неодамна вработен при заминување на претходната администрација кои немаат целосна сигурност за зачувување на работното место.

На функционерите им било кажано да се подготват за отпуштање до 70 отсто од персоналот во некои агенции, велат изворите на Reuters.

Синдикатите ги повикаа своите членови да не ја прифаќаат програмата за доброволно заминување и предупредија дека не може да му се верува на Трамп дека ќе ја почитува.

Понудата ветува дека ќе им се исплаќаат редовни плати и бенефиции на вработените до октомври без да мора да работат, но синдикатите велат дека тоа можеби и не е баш така. Сегашните закони за трошење истекуваат на 14 март и нема гаранција дека платите ќе бидат финансирани по тој момент, велат опозициските демократи.

Трамп го именуваше милијардерот Илон Маск да раководи со новосоздадената Канцеларија за владина ефикасност, која ги прочистува платите и персоналните досиеја во обид да го намали за еден трилион тој дел од федералниот буџет, кој беше 6,75 трилиони долари минатата година. Платите за цивилните федерални работници сочинуваат помалку од пет проценти од вкупниот буџет.

globe

Слични новости

Трамп и Путин ќе разговараат за Украина во наредните денови, според американскиот претставник Виткоф

Трамп и Путин ќе разговараат за Украина во наредните денови, според американскиот претставник Виткоф

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега по должност Владимир Путин се очекува да разговараат во наредните денови, објави во неделата американскиот специјален пратеник за Украина и Русија, Стив Виткоф, додека САД вршат притисок врз Русија да се согласи на прекин на огнот со Украина

САД депортираа стотици осомничени припадници на венецуелска банда

САД депортираа стотици осомничени припадници на венецуелска банда

Соединетите држави депортираа стотици наводни членови на венецуелската банда Трен де Арагуа користејќи го Законот за странски непријатели од 1798 година, кој сега е блокиран, изјави мериканскиот државен секретар Марко Рубио