Оклахома сити забележа победа на гостувањето во Бостон со 118:112 во дуел на две екипи што е можно да играат годинава во големото НБА финале. И покрај отсуството на Џејлен Вилијамс Оклахома стигна до победа благодарение на Шеи Гилџес Александар кој постигна 34 коша и Чат Холмгрен кој имаше 23 коша и 15 скокови.

Кај Бостон Селтикс најефикасни беа Џејсон Тејтум со 33 и Дерик Вајт со 22 коша.

Бостон Селтикс шутираа дури 63 пати за три поени, а од тоа погодија 20 пати, со процент за тројка од 31,7 насто. Оклахома имаше двојно помалку шутеви зад линијата за три поени, но го доби мечот со добар процент на шутеви за два поени.

Оклахома е сигурно првопласирана за западот, а Бостон Селтикс ќе бидат втори на истокот зад Кливленд.

Слични новости

Усик мора да ја брани титулата против Паркер

Усик мора да ја брани титулата против Паркер

Апсолутниот светски шампион во бокс, Украинецот Олександр Усик ќе мора да ја одбрани титулата против Новозеланѓанецот Џозеф Паркер, објави Светската боксерска организација (ВБО)