Првопласираниот тим на Западот Оклахома Сити славеше на гостувањето во Милвоки со 121:105 во меч  во кој директно играа еден против друг двајца кандидати за МВП титулата сезонава Шеи Гилџес Александар и Јанис Адетокумбо.

Гилџес Александар го предводеше својот тим до победата со 31 кош и 8 асистенции, а центарот Ајзеа Хартенштајн имаше 24 коша и 12 скокови. Кај Милвоки Јанис Адетокумбо беше задржан на само 21 кош, а Демијан Лилард постигна 19.

Претходно во дербито на западот Лејкерс  лесно го совладаа тимот на Феникс кој е вон форма со 107:96. Најдобар поединец на натпреварот беше Лука Дончиќ со 33 коша и 11 скокови, а Остин Ривс постигна 26. Кај Феникс најефикасен беше Кевин Дурант со 21 кош.

Слични новости

Ф1: Норис најбрз во Мелбурн

Ф1: Норис најбрз во Мелбурн

Британецот Ландо Норис од тимот на Мекларен е победник на првата трка од сезоната на Светскиот шампионат во Формула 1 возена во Мелбурн, Австралија.