
Првопласираниот тим на Западот Оклахома Сити славеше на гостувањето во Милвоки со 121:105 во меч во кој директно играа еден против друг двајца кандидати за МВП титулата сезонава Шеи Гилџес Александар и Јанис Адетокумбо.
Гилџес Александар го предводеше својот тим до победата со 31 кош и 8 асистенции, а центарот Ајзеа Хартенштајн имаше 24 коша и 12 скокови. Кај Милвоки Јанис Адетокумбо беше задржан на само 21 кош, а Демијан Лилард постигна 19.
Претходно во дербито на западот Лејкерс лесно го совладаа тимот на Феникс кој е вон форма со 107:96. Најдобар поединец на натпреварот беше Лука Дончиќ со 33 коша и 11 скокови, а Остин Ривс постигна 26. Кај Феникс најефикасен беше Кевин Дурант со 21 кош.
Слични новости
Андреева преку Сабаленка до најголемиот трофеј во кариерата
Руската 17-годишна тенисерка Мира Андреева надомести сет заостанување против светскиот рекет број еден Арина Сабаленка од Белорусија и победи со 2:6, 6:4, 6:3 во финалето на БНП Парибас опен во Индијан Велс
Антоан Гризман ќе го напушти Атлетико
Најдобриот стрелец во историјата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман по крајот на сезоната ќе го напушти клубо
Ф1: Норис најбрз во Мелбурн
Британецот Ландо Норис од тимот на Мекларен е победник на првата трка од сезоната на Светскиот шампионат во Формула 1 возена во Мелбурн, Австралија.