
Првопласираниот тим на Западот Оклахома Сити славеше на гостувањето во Милвоки со 121:105 во меч во кој директно играа еден против друг двајца кандидати за МВП титулата сезонава Шеи Гилџес Александар и Јанис Адетокумбо.
Гилџес Александар го предводеше својот тим до победата со 31 кош и 8 асистенции, а центарот Ајзеа Хартенштајн имаше 24 коша и 12 скокови. Кај Милвоки Јанис Адетокумбо беше задржан на само 21 кош, а Демијан Лилард постигна 19.
Претходно во дербито на западот Лејкерс лесно го совладаа тимот на Феникс кој е вон форма со 107:96. Најдобар поединец на натпреварот беше Лука Дончиќ со 33 коша и 11 скокови, а Остин Ривс постигна 26. Кај Феникс најефикасен беше Кевин Дурант со 21 кош.
Слични новости
Игор Тудор го презема Јувентус
Хрватскиот фудбалски стручњак Игор Тудор е новиот тренер на Јувентус, објавија италијанскиот фудбалски гигант
ГП Кина: Дисквалификуван тандемот на Ферари, Леклер и Хамилтон без бодови
Возачите на Ферари, Шарлс Леклер и Луис Хамилтон, кои завршија на петтото и шестото место на неделната трка за Големата награда на Кина во Шангај, беа дисквалификувани откако стјуардите откриле неправилности во нивните болиди
Ф1: Пјастри победи во Шангај, двоен триумф на Мекларен
Австралискиот возач Оскар Пјастри ја искористи најдобрата стартна позиција и победи на трката од Светскиот шампионат во Формула 1 што се одржа во неделата во Шангај за Големата награда на Кина