Кошаркарите на Оклахома утрово ја победија Индијана со 111:104 во четвртиот натпревар од финалето на НБА лигата.

Индијана водеше во текот на целиот натпревар, но во завршницата Оклахома одигра многу цврста одбрана и направи серија од 8:0, додека нејзините две ѕвезди Шеи Гилџес Александар и Џејлен Вилијамс реализираа шутеви во клучните мометни од натпреварот.

МВП-то на НБА Шеи Гилџес Александар го заврши мечот со 35 поени, Џејлен Вилијамс постигна 27, а Алекс Карузо 20 коша за Оклахома. Чет Холмгрен забележа 15 скокови со 14 поени.

Кај Индијана најпрецизен беше Паскал Сијакам со 20 поени, а Тајрис Халибартон постигна 18 поени со седум асистенции. Одлична партија од клупата имаше и Оби Топин со 17 поени.

Индијана имаше контрола на натпреварот со многу брза игра, подобар шут за тројка и одлична одбрана врз СГА, но на крајот превагна страшната одбрана на Оклахома, кога во последните 3 минути од натпреварот играчите на Индијана тешко доаѓаа до позиција за шут.

Серијата се враќа во Оклахома, а следниот меч ќе се игра ноќта меѓу понеделник и вторник во 02 и 30 по средноевропско време.

Слични новости

Гардијан: Мачестер Сити сака да го продаде Грилиш за 50 милиони фунти

Гардијан: Мачестер Сити сака да го продаде Грилиш за 50 милиони фунти

Сити сака да добие околу 50 милиони фунти од продажбата на 29-годишниот Британец, но засега нема понуди за играчот од средниот ред. Се разгледува и позајмица. Интерес за играчот претходно објавија Наполи, Евертон и Баер.