Шампионот Оклахома Тандер убедливо го победи тимот на ЛА Лакерс 121:92 во натпревар во кој немаше возбуда.

Оклахома поведе со 30 разлика уште во првото полувреме, а нивниот најдобар кошаркар Шеи Гилџес Александар кој постигна 30 коша со 9 асистенции, воопшто и не влезе во игра во последната четвртина, бидејќи по третата четвртина резултатот беше 100:64 за Оклахома.

Иако за Оклахома не играше Лугенз Дорт кој е примарен дефанзивец на Лука Дончиќ, Словенецот кој влезе во овој натпревар со просек од 37 коша по натпревар, постигна само 19 со многу лош шут од игра.

 

Остин Ривс кој до овој натпревар имаше просек од 30 коша, осто така беше целосно затворен и постигна само 13 поени со шут од игра 4 од 12.

Оклахома е прва на западот со скор 12:1, пред Денвер со скор 9:2, а Лејкерси се петти со скор од 8 победи и 4 порази.

 

Слични новости

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, но неговите 34 поени не беа доволни синоќа да ги одведат неговите Лос Анџелес Клиперс до победа