Францускиот возач Себастијан Ожие (Тојота) го освои Јапонското рели, претпоследната трка од овогодинешното Светско првенство, со што се добложи на само три бода од генералниот пласман на водечкиот Британец Елфин Еванс (Тојота).

Ожие славеше во Јапонија со време кое беше за 11,6 секунди подобро од второпласираниот Еванс, а колку доминантна беше Тојота на домашен терен покажува и фактот дека уште еден возач од тимот, Финецот Сами Пајари, го освои третото место, со заостанување од 2:16,6 минути.

 

Со победата во Јапонија, Ожие остана во трката за освојување на својата деветта титула во светското првенство, што ќе го изедначи со сонародникот Себастијан Леб.

Во генералниот пласман на Светското првенство, Еванс останува лидер со 272 поени, по него следува Ожие со 269, додека Финецот Кале Рованпера (Тојота) е трет со 248.

Последната трка од Светското првенство ќе се одржи во Саудиска Арабија од 25 до 29 ноември.

 

РЕЗУЛТАТИ:
1. Себастиен Ожие/Винсан Ланда (Франција/Тојота) 3:21:08,9
2. Елфин Еванс/Скот Мартин (Велика Британија/Тојота) +11,6
3. Сами Пајари/Марко Салминен (Финска/Тојота) +2:16,6
4. От Танак/Мартин Јарвеоја (Естонија/Хјундаи) +3:18,1
5. Грегоар Мунстер/Луј Лука (Луксембург-Бел/Хјундаи) +6:48,7
6. Кале Рованпера/Џон Халтунен (Финска/Тојота) +7:01,5

ПЛАСМАН СП,

ВОЗАЧИ:
1. Елфин Еванс 272
2. Себастиен Ожие 269
3. Кале Рованпера 248
4. От Танак 213
5. Тиери Нојвил 166
6. Такамото Кацута 111

КОНСТРУКТОРИ:
1. Тојота 692
2. Хјундаи 464
3. М-Спорт/Форд 191

 

globe

Слични новости