Канадскиот тенисер Фелкис Оже-Алијасим се пласираше во полуфиналето на завршниот мастерс во Торино, откако во последниот меч од групата Б го победи германскиот тенисер Александар Зверев со 2:0 во сетови ( 6:4, 7:6).

Мечот траеше два часа и осум минути, а со победата Канаѓенецот ја потврди својата извонредна форма. Феликс го сочува својот сервис во текот на целиот меч и не му дозволи ниту еден брејк на противникот, додека тој го освои првиот сет со еден брејк, а во вториот сет беше подобар во тај брејкот.

Во полуфиналето во Торино Оже-Алијасим ќе игра против Карлос Алкаразод Шпанија, а во другото полуфинале играат Италијанецот Јаник Синер и Австралијанецот Алекс де Минор.

Слични новости

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, но неговите 34 поени не беа доволни синоќа да ги одведат неговите Лос Анџелес Клиперс до победа