Организацијата за економска сорабтка и развој ОЕЦД денеска соопшти дека глобалниот економски раст ќе успори од 3,4 насто во 2025, на 2,8 насто во 2026 поради војната на Блискиот исток, додека во 2027 се очекува делумно опоравување на 3,1 насто раст.
Прогнозата се заснива врз постепено опоравување на производството и извозот на енергентите од земјите на Персискиот залив од средината на 2026.
Доколку војната и тензиите продолжат и пореметувањата во производството и извозот на енергентите продолжат, тогаш во текот на цела 2027 ќе има зголемен ризик од недостиг на енергенти и заострување на глобалните финансиски услови.
Слични новости
Американските берзи во плус поради оптимизмот за договор со Иран
Оптимизмот околу можен договор за прекин на конфликтот со Иран позитивно влијаеше врз финансиските пазари.
Пад на европските берзи по американските напади врз Иран
Индексот на Франкфуртската берза ДАКС денеска падна за 0,25 насто, францускиот ЦАЦ падна за 0,29 насто, додека Лондонскиот ФТСЕ порасна за 0,76 насто.
Цената на нафтата повторно скокна по воените удари на САД на југот од Иран
Цената на нафтата Брент денеска поскапе за два насто, откако воените удари на САД на југот од Иран ги загрижија инвеститорите кои се надеваат на мировна спогодба меѓу Вашингтон и Техеран.


