Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе 262 вонредни инспекциски надзори за контрола на безбеднста на детските новогодишни пакетчиња.

Надзорите беа спроведени во магацини за пакување на пакетчиња, маркети и продавници кои вршат промет со овој вид призводи.

 

Поради несовпаѓање на роковите на збирната декларација со поединечните рокови на производите во пакетчето и поради некомплетни декларации, инспекциските служби на АХВ издадоа четири решенија со наредба за повлекување од промет на новогодишни пакетчиња, а на двајца оператори со храна, издадени им се решенија со наредби за ставање на збирни декларации на пакетчињата.

Со спроведените 262 инспекциски контроли на безбедноста на новогодишните пакетчиња, нема оператори со храна кои се парично казнети, ниту е поништена небезнедна храна.

Во споредба со лани спроведените контроли на безбедноста на оваа категорија производи, кога беше утврдено несоодветно означување на пакетчиња, немање декларации и наведен рок на употреба на збирно пакување, најдени беа и пакетчиња кои содржат производи со поминат рок на употреба и со краток рок на трајност на призводите како и производи со променети органолептички својства, годинава, кај операторите, утврдени се само минимални недоследности.

И покрај тоа, АХВ и во наредниов период, особено пред и по новогодишните празници, ќе продолжи со спроведување на контроли за следење на безбедноста на оваа категорија производи.

globe

Слични новости

Утрово најстудено во Берово

Утрово најстудено во Берово

Според најновиот извештај од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утрово најниските температури биле – главно – во источниот дел на земјава