Од 1 февруари стартува целосната примена на системот „Безбеден град“, откако Собранието го изгласа Законот за прекршоци, со што се отвора патот за автоматско санкционирање на сообраќајните прекршоци преку камери и софтверска контрола.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, преку објава на социјалните мрежи, порача дека со оваа законска измена државата конечно презема системски чекори за справување со сообраќајниот хаос.

Тошковски порача дека имплементацијата на „Безбеден град“ претставува одлука што директно го штити животот и безбедноста на граѓаните, а не механизам за полнење на буџетот преку казни.

Во тест периодот, како што посочува министерот, дел од граѓаните веќе го смениле однесувањето во сообраќајот, што резултирало со поголема дисциплина и почитување на правилата.

Автоматските казни, без можност за „попустливост“, значат дека секој прекршок ќе биде евидентиран и санкциониран, што за многумина може сериозно да влијае врз месечниот буџет, ако возачите не внимаваат на сообраќајните правила.

 

Слични новости

Обвинителството објави снимка на која Стојанче ја удира Ивана само неколку часа пред таа да се самоубие

Обвинителството објави снимка на која Стојанче ја удира Ивана само неколку часа пред таа да се самоубие

Како доказ обвинителката Адела Бојчиќ презентираше видео снимка од катната каража позади судот во кое Стојанче и удира шамар на Ивана и тие се расправаат, по што таа се јавува некаде.