Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а попладне во крајните југозападни региони ќе има услови за слаб дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 12, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност и слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Од вторник до крајот на неделата следува период на променливо облачно време со повремен локален дожд. Во вторник ќе има изолирана, а во среда на повеќе места појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Од четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе биде во позначително опаѓање. Во петок и во деновите од викендот се очекува утринската температура наместа да се спушти под нула степени.
Слични новости
Третина од населението во Македонија страда од обезност
Станува збор за сериозна хронична болест поврзана со над 200 коморбидитети, вклучително кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 2 и други состојби и затоа е значајно подигнување на јавната свест за овој глобален предизвик
Викендов почнува летното сметање на времето
Летното сметање на времето во 2026 година почнува на 29 март во 02:00 часот, кога часовниците ќе се поместат еден час нанапред, односно – 03:00 часот.
Нов минималец усогласувањето од 1.600 денари излезе во Службен весник
Со ова мартовските примања на оние кои добиваат минималец ќе изнесуваат 26.046 денари. Според, последните податоци за синдикалната минимална кошничка која секој месец ја објавува ССМ една минимална плата оди само за храна и пијалаци.


