Американскиот претседателски претставник Стив Виткоф изјави дека САД, Украина и Русија на разговорите во Абу Даби се согласиле да разменат 314 заробеници во „првата таква размена за пет месеци“.

„Овој резултат е постигнат од мировни разговори кои беа детални и продуктивни. Иако останува значајна работа, ваквите чекори покажуваат дека одржливиот дипломатски ангажман дава опипливи резултати и ги унапредува напорите за завршување на војната во Украина“, изјави Виткоф.

Тој додаде дека дискусиите ќе продолжат, а се очекува дополнителен напредок во наредните недели.

Слични новости

Обвинителството во Хаг побара по 45 години затвор за поранешните лидери на ОВК

Главната обвинителка Ким Вест му предложи на судот да ги осуди Хашим Тачи, Кадри Вејсели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи по сите 10 точки од обвинението, поради нивниот личен придонес во кривичните дела.

Киднапиран венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гуанипа

Венецуелскиот опозициски лидер Хуан Пабло Гуанипа е киднапиран во Каракас околу полноќ по локално време, само неколку часа откако беше ослободен од затвор, објави опозициската лидерка и добитничка на Нобелова награда за мир, Марија Корина Мачадо.