Молкот, кој почнува вечерва во 0:01 часот, ќе трае до 19:00 часот на 2 ноември, односно денот на изборите во моментот на затворање на гласачките места.
За време на молкот медиумите смеат да известуваат за изборите, како и за текот на гласањето, но смеат да објавуваат предизборно рекламирање на кандидатите и нивните партии.
Во вториот круг од локалните избори 2025 в недела, кога ќе се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници, право на глас имаат 1.013.375 граѓани.
Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), за вториот круг од гласањето пријавени се 4.826 болни и изнемоштени лица, а најмногу има пријавено во Кичево – 823.
Болните и изнемоштените, затворениците и лицата во домашен притвор гласаат еден ден пред изборите, односно утре.
Изборите ќе ги следат 1.598 меѓународни и странски набљудувачи, од кои 933 странски и 651 меѓународен.
Во канцеларијата на Народниoт правобранител на денот на одржувањето на вториот круг од Локалните избори – 2 ноември во периодот од 7 до 19 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија: 0800-54321, на која што граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.
Како што соопштуваат од канцеларијата на Омбудсманот, отворени за граѓаните (покрај главната канцеларија во Скопје) ќе бидат и подрачните канцелари на народниот правобранител во: Битола, Кичево, Куманово, Штип, Струмица и во Тетово со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.
-Покрај на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово: 044 344-082, Кичево: 045 228-586, Битола: 047 242-310 и Куманово: 031 431-488,Струмица 034 329 -996 и Штип 032 389-700, стои во соопштението од Омбудсманот.
Оттаму дополнуваат дека Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права.
Слични новости
Роднините на загинатите во „Пулс“: Дали судницата е за рецитирање или за вистината?
Родителите и блиските на загинатите во трагедијата во кочанската дискотека„Пулс“ денеска повторно излегоа на протестен марш во Кочани
Мицкоски: Не добив само реизбор, денес победи идејата за патот што го трасираме за Македонија
Не добив само реизбор како претседател на ВМРО-ДПМНЕ туку денеска победи идејата. Победи патот што го трасираме за Македонија. Честа е голема и обврската и долгот кон доделената задача уште поголема, истакна Христијан Мицкоски откако попладнево на партискиот конгрес што се одржува во Кавадарци беше реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ
Британска амбасада: Британско- македонското стратешко партнерство е фокусирано на продлабочување на економската и безбедносната соработка
Во врска со пишувања во некои британски медиуми и реакции во земјава за наводно отворање мигрантски кампови, Британската амбасада објави на социјалните мрежи статус со кој посочува дека двете земји имаат воспоставено Стратешко партнерство фокусирано на долгорочна политичка, економска и безбедносна рамка дизајнирана да ја продлабочи соработката и да ја зајакне стабилноста и просперитетот во двете земји


