Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска треба да донесе нова одлука за цената на горивата што ќе важи од полноќ до следниот вторник, по вчерашна одлука на Владата за намалување на данокот на додадена вредност од 18 на 10 отсто.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера оцени дека согласно случувањата на нафтените берзи се очекува РКЕ да донесе одлука за ново поскапување на дизелот од 10,5 денари по литар, како и за зголемување на цените на безоловните горива за 6 денари.

Поради тоа  Владата на вонредна седница донесе одлука да се намали данокот на додадена вредност (ДДВ) на бензините и дизел горивото од 18 отсто на 10 отсто.

Со тоа владата очекува цената на бензините да остане иста односно непроменета, а цената на дизелот да се зголеми околу 3,5 денари по литар

 

Слични новости

Уапсен Артан Груби

Уапсен Артан Груби

Артан Груби рано утринава бил уапсен на граничниот премин Блаце, при обид за влез во Македонија од Косово, соопшти МВР. За Артан Груби од претходно е одредена и мерка притвор.