Од недела во Македонија ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.

Минималните температури ќе се движат од -1 до 8 степени, а дневните од 15 до 22 степени.

На почетокот на новата работна недела ќе продолжи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Утринските температури ќе бидат од -1 до 7 степени, додека дневните ќе се движат од 16 до 24 степени.

Денеска се прогнозира променливо облачно време, со локални појави на дожд во источниот регион од земјата.

 

Слични новости

Заѕиданите 350.000 евра не се на судијата, родителите признале дека се нивни, вели неговиот бранител Давидовиќ

Заѕиданите 350.000 евра не се на судијата, родителите признале дека се нивни, вели неговиот бранител Давидовиќ

Адвокатот Звонко Давидовиќ, бранител на апелациониот судија Ѓоко Ристов, кој е во куќен притвор, изјави дека истрагата за противправно стекнување и прикривање имот е правно проблематична и не може да се примени на судија.

Зимските служби ги чистат улиците низ Скопје

Зимските служби ги чистат улиците низ Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека градските служби од раните утрински часови се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците