Од недела во Македонија ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.

Минималните температури ќе се движат од -1 до 8 степени, а дневните од 15 до 22 степени.

На почетокот на новата работна недела ќе продолжи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Утринските температури ќе бидат од -1 до 7 степени, додека дневните ќе се движат од 16 до 24 степени.

Денеска се прогнозира променливо облачно време, со локални појави на дожд во источниот регион од земјата.

 

Слични новости