Бугарската влада одлучи од 1. јули линерано сите пензии во државата да бидат зголемени за 11 отсто.

„Тој потег се презема согласно швајцарско правило за сите пензионери“, најави Деница Сачева од пратеничката група на ГЕРБ на заеднички брифинг со владините формации.

Додаде дека ќе се задржи дефицитот од 3 отсто, а еврозоната ќе продолжи да биде приоритет.

Одлуката е реакција на тензиите во коалицијата што настанаа при првично усвојување на буџетот од Советот на министри, јавија бугарските медиуми.

Првичниот предлог за зголемувањето на пензиите во Бугарија беше за два начина – пензионерите со пониски пензии се очекуваше од 1 јули годинава да добијат зголемување од 11 отсто, додека оние со повисоки да добијат зголемување што ќе го надмине растот на инфлацијата.

globe

Слични новости

Училиштата на Санторини, Иос, Аморгос и Анафи, поради земјотресите остануваат затворени уште една седмица

Училиштата на Санторини, Иос, Аморгос и Анафи, поради земјотресите остануваат затворени уште една седмица

Поради сеизмичка активност во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос, училиштата на четири грчки острови ќе останат затворени уште една седмица, одлучија членовите на надлежните комисии