Утринава околу 5 часот во нова станбена зграда во скопската населба Кисела Вода изби пожар пред влезот на објектот.

Станарите се рабудиле од силниот звук по што панично ја напуштале зградата.  МВР информира дека настанал пожар во орман на ЕВН при што изгореле кабли.

Пожарот е изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанувањето на пожарот и за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Станарите велат дека сега нема струја во зградата и бараат итно решение и истрага и целосно расчистување на случајот.

Слични новости

Раководителите на гостиварски „Комуналец“ однесени во притвор во Шутка

Раководителите на гостиварски „Комуналец“ однесени во притвор во Шутка

По 30 дена притвор добија тројца раководители на „Комуналец“ од Гостивар, осомничени за загадување на водата за пиење. Вршителката на должност директорка Артана Асани, техничкиот раководител на сектор за технички работи, Леон Нуредини и раководителот на одделението за водовод Вадедин Дервиши