Во рамки на проектот „Безбеден град“ од денеска до 31 јануари ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените камери за сообраќаен надзор. Тестирањата ќе се реализираат секој ден, од 8 до 20 часот.

 Како што информира Министерството за внатрешни работи, за време на спроведувањето на овие активности возилата на локациите на кои се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката.

 Во првата недела од предвидениот период активностите ќе се спроведуваат исклучиво на локациите со поставени камери на подрачјето на Град Скопје.

 

 

Слични новости

Од недела сончево и потопло време

Од недела сончево и потопло време

На почетокот на новата работна недела ќе продолжи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Утринските температури ќе бидат од -1 до 7 степени, додека дневните ќе се движат од 16 до 24 степени.