Од денеска стапува на сила обврската за задолжително користење на зимска опрема за возилата, која ќе трае до 15 март следната година.

За да се избегнете сообраќајни казни и прекршоци, потребно е да го усогласите вашето возило со пропишаните барања: возила до 3.500 кг – потребни се зимски гуми на сите тркала со длабочина на шарата од минимум 4 мм, или летни гуми со истата длабочина, со задолжително носење синџири за снег.

 Покрај ова, автобусите и товарните возила мора да носат прирачен алат како лопата, ако не можат да користат синџири за снег.

Слични новости