Времето денеска ќе биде променливо облачно, претежно во западните делови ќе има повремен дожд. Локално ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје, променливо облачно, во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

 

Слични новости

Собранието ќе расправа за законските измени за укинување на техничката влада

Собранието ќе расправа за законските измени за укинување на техничката влада

Во Собранието ќе се разгледува предлогoт за законските измени на Законот за Владата на Република Македонија, по скратена постапка, со кои се создаваат услови за елиминирање на моделот на преодна, односно техничката влада.