Горивата од синоќа од полноќ повторно поскапеа и според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемија за 4,85 отсто.
Најголемо е поскапувањето кај дизелот. ЕУРОДИЗЕЛ БС поскапува за 6,50 денари за литар и од полноќ се продава по највисока цена од 98 денари за литар.
ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапеа за по 4,50 денари за литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 91,50 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 93,50 денари за литар.
Од Регулаторната комисија објаснија дека во однос на претходната пресметка се зголемиле референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар. Кај бензините растот е 8,983 отсто, кај дизелот 10,979 отсто.
Поскапувањата на бензините синоќа предизвикаа гужви на бензинските пумпи во Скопје, бидејќи граѓаните сакаа да наточат гориво по стара цена и да заштедат.
Слични новости
Уапсената директорка на гостиварски Комуналец и двајца други раководители за загадување на водата, спроведени во Судот
Директорката на гостиварски комуналец Артана Асани и уште двајца нејзини соработници, техничкиот директор на Комуналец, Леон Нуредини и Вадедин Дервиши шеф на „Водовод и канализација пред се уапсени и спроведени во Судот во Гостивар.
