Горивата од синоќа од полноќ повторно поскапеа и според последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемија за 4,85 отсто.
Најголемо е поскапувањето кај дизелот. ЕУРОДИЗЕЛ БС поскапува за 6,50 денари за литар и од полноќ се продава по највисока цена од 98 денари за литар.
ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапеа за по 4,50 денари за литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 91,50 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 93,50 денари за литар.
Од Регулаторната комисија објаснија дека во однос на претходната пресметка се зголемиле референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар. Кај бензините растот е 8,983 отсто, кај дизелот 10,979 отсто.
Поскапувањата на бензините синоќа предизвикаа гужви на бензинските пумпи во Скопје, бидејќи граѓаните сакаа да наточат гориво по стара цена и да заштедат.
Слични новости
Грчките цариници запленија над 1.000 боци нелегален фреон – 296 се откриени во камион од Македонија
Во раните утрински часови на граничниот премин Дојрани, при контрола на празен товарен контејнер од Северна Македонија, во специјално направена преграда биле откриени 296 боци нелегална разладна течност од типот R134a, за кои царините и даноците се пресметуваат во износ од 55.000 евра
ССНМ: Новинарите мора да имаат пристап до информации
Одлуката за тоа кои прашања се релевантни не се во надлежност на владините комуникациски служби — тоа е во надлежност на новинарите, медиумите и јавноста. Ваквата пракса не смее да продолжи.
Министерство за здравство: Фостер од овој месец ќе може да се зема од аптеките со партиципација по рецепт
Почнувајќи од овој месец, осигурениците повторно ќе можат да го подигнат лекот од аптеките без доплата, односно само со плаќање на законски утврдената партиципација за услугата по рецепт.


