Горивата од синоќа од полноќ повторно поскапеа и според последната одлука на  Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемија за 4,85 отсто.

Најголемо е поскапувањето кај дизелот. ЕУРОДИЗЕЛ БС поскапува за 6,50 денари за литар и од полноќ се продава по највисока цена од 98 денари за литар.

ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапеа за по 4,50 денари за литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 91,50 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98  93,50 денари за литар.

 

Од Регулаторната комисија објаснија дека во однос на претходната пресметка се зголемиле референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар. Кај бензините растот е 8,983 отсто, кај дизелот 10,979 отсто.

Поскапувањата на бензините синоќа предизвикаа гужви на бензинските пумпи во Скопје, бидејќи граѓаните сакаа да наточат гориво по стара цена и да заштедат.

Слични новости

Со наодите од градежното вештачење и распит на вештаците – продолжува судењето за „Пулс“

Со наодите од градежното вештачење и распит на вештаците – продолжува судењето за „Пулс“

Со изведување на наодите од градежното вештачење на објектот „Пулс“ и распит на вештите лица што го изработиле, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Лирим Хајредини, директорот на ТВ Алсат пронајден мртво по пад од „Мавровка“

Лирим Хајредини, директорот на ТВ Алсат пронајден мртво по пад од „Мавровка“

Утрово на тераса од трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје е пронајдено телото на оперативниот директор на телевизијата Алсат, Лирим Хајредини. Местото каде што е пронајдено телото се обезбедува од полицијата, а сè уште е во тек увидот под раководство на јавен обвинител.