Одлуката за прогласување на кризна состојба на целата територија на државата е објавена во Службен весник, со што таа стапи на сила.

Одлуката беше донесена на вчерашната вонредна владина седница, а поради „можност за  настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на целата држава“. Според документот од седницата, ваквата состојба ќе трае 30 дена.

Ова се прави за да може полесно да се спроведуваат  мерки кои би биле неопходни за да се санираат штетите од состојбата на Блискиот исток.

 

Исто така со одлуката се активира Главниот штаб при Центарот за управување со кризи кои ќе биде во постојано заседавање за следење на мерките.

Владата во рамки на кризната состојба предлага мерка за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти  за горивата.

Слични новости

Филипче смета дека со помало луксузирање на власта реално е да се постигне минималец од 600 евра

Вкупните буџетски расходи за 2026 година се планирани на рекордни 365,5 милијарди денари, што е историски највисоко ниво, а од овие пари само 7,5 милијарди денари се доволни за покачување на минималецот.