Одлуката за прогласување на кризна состојба на целата територија на државата е објавена во Службен весник, со што таа стапи на сила.
Одлуката беше донесена на вчерашната вонредна владина седница, а поради „можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на целата држава“. Според документот од седницата, ваквата состојба ќе трае 30 дена.
Ова се прави за да може полесно да се спроведуваат мерки кои би биле неопходни за да се санираат штетите од состојбата на Блискиот исток.
Исто така со одлуката се активира Главниот штаб при Центарот за управување со кризи кои ќе биде во постојано заседавање за следење на мерките.
Владата во рамки на кризната состојба предлага мерка за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти за горивата.
Слични новости
Њујорк тајмс: Трамп го заврши состанокот за спогодбата со Иран без да биде донесена одлука
Состанокот на американскиот претседател Доналд Трамп со советниците за национална безбедност за спогодбата со Иран е завршен по два часа, без да биде донесена одлука, изјави висок претставник на американската администрација за „Њујорк тајмс“.
Владата го одби предлогот на СДСМ за референдум
Владата го одби предлогот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, да се распише референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали се за уставни промени за внесување на Бугарите, со цел да продолжи европската интеграција на Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ: За власт Филипче би ги прифатил бугарски барања кои задираат во македонскиот национален идентитет
Во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ се наведува дека Венко Филипче, како што тврдат од партијата, „се претставува како специјален бугарски пратеник“ и дека единствено тој смета оти уставните измени се последната пречка на патот кон Европската Унија.


