Одлуката за прогласување на кризна состојба на целата територија на државата е објавена во Службен весник, со што таа стапи на сила.
Одлуката беше донесена на вчерашната вонредна владина седница, а поради „можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на целата држава“. Според документот од седницата, ваквата состојба ќе трае 30 дена.
Ова се прави за да може полесно да се спроведуваат мерки кои би биле неопходни за да се санираат штетите од состојбата на Блискиот исток.
Исто така со одлуката се активира Главниот штаб при Центарот за управување со кризи кои ќе биде во постојано заседавање за следење на мерките.
Владата во рамки на кризната состојба предлага мерка за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти за горивата.
Слични новости
Од 1 март 2026 година – побезбедни онлајн плаќања
Наместо досегашната потврда со СМС-код, клиентот ќе добие известување преку мобилната банкарска апликација и ќе треба да ја одобри трансакцијата.
Парамаунт ќе го купува Ворнер Брос, Нетфликс се откажа
Извршните директори на Нетфликс изјавија дека нема да се обидат да ја надминат понудата на „Парамаунт“, велејќи дека договорот по таа цена веќе не е финансиски привлечен.
Бројот на заболени од грип се намалува
Минатата недела, од 16 до 22 февруари, во Македонија се регистрирани 1.113 случаи на грип и слични респираторни заболувања, што претставува намалување од 3,2 отсто во споредба со претходната недела, објави Институтот за јавно здравје.


