Одлуката за прогласување на кризна состојба на целата територија на државата е објавена во Службен весник, со што таа стапи на сила.
Одлуката беше донесена на вчерашната вонредна владина седница, а поради „можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на целата држава“. Според документот од седницата, ваквата состојба ќе трае 30 дена.
Ова се прави за да може полесно да се спроведуваат мерки кои би биле неопходни за да се санираат штетите од состојбата на Блискиот исток.
Исто така со одлуката се активира Главниот штаб при Центарот за управување со кризи кои ќе биде во постојано заседавање за следење на мерките.
Владата во рамки на кризната состојба предлага мерка за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти за горивата.
Слични новости
Во македонскиот парламент 37,5 насто од пратениците се жени
Во македонскиот парламент 37,5 проценти од пратениците се жени, што е зголемување од 3,4 процентни поени во споредба со 2015 година, покажуваат податоците на Евростат.
Цените на горивата во Македонија меѓу најевтините во регионот
Според последните споредбени податоци, просечната цена на горивата во Македонија се движи околу 1,35 долари за литар, што е пониско во однос на повеќето соседни земји како Грција, Бугарија, Косово и Србија.
Нафтата Брент надмина 90 долари за барел
Цената на нафтата од типот Брент веќе надмина 90 долари за барел, што претставува раст од повеќе од 25 проценти во текот на неделата.


