Одлуката за прогласување на кризна состојба на целата територија на државата е објавена во Службен весник, со што таа стапи на сила.
Одлуката беше донесена на вчерашната вонредна владина седница, а поради „можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на целата држава“. Според документот од седницата, ваквата состојба ќе трае 30 дена.
Ова се прави за да може полесно да се спроведуваат мерки кои би биле неопходни за да се санираат штетите од состојбата на Блискиот исток.
Исто така со одлуката се активира Главниот штаб при Центарот за управување со кризи кои ќе биде во постојано заседавање за следење на мерките.
Владата во рамки на кризната состојба предлага мерка за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти за горивата.
Слични новости
Уапсен 18 годишник од тетовска Палатица поради закани дека ќе постави бомби во средно училиште
СВР Тетово информира дека вчера е лишен од слобода 18-годишник од тетовско кој испраќал закани дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште.
САД привремено дозволија да се купува руска нафта
Соединетите Американски Држави привремено им дозволија на земјите да купуваат руска нафта што веќе е натоварена на бродови на море, со цел да се ублажи економскиот удар од војната меѓу САД, Израел и Иран.
30 насто од клиентите на е-шопинг во Македонија се пожалиле на проблеми
Во Македонија 29,41 насто од купувачите се пожалиле на проблеми при е-шопинг, покажува истражувањето на Евростат од 2025 за користење на информатичко-комуникациските технологии.


