Кривичниот суд го прифатил барањето на Јавното обвинителство за определување на мерка притвор на двајцата осомничени во случајот со Државната лотарија, поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директорот на Државна лотарија Прпарим Бајрами, кои се надвор од државата.

„По добиено известие од надлежното МВР, дека двете лица за кои Јавното обвинителство предложи мерка притвор од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода, а поврзани со истрагата за Државна лотарија, се недостапни за органите на прогон, донесе решенија со што го прифати предлогот на Јавното обвинителство и им определи мерка притвор од траење од 30 дена“, соопштуваат од Кривичниот суд.

Министерството за внатрешни работи (МВР) претходно го известило судот дека двајцата осомничени за злоупотреби во Државна Лотарија се недостапни и официјално потврдиле дека се надвор од Македонија.

globe

Слични новости

Амбасадорката Агелер не коментира за чекорите на Обвинителството по американското назначување на функционери за корупција

Амбасадорката Агелер не коментира за чекорите на Обвинителството по американското назначување на функционери за корупција

Aмбасадорката на Соединетите држави во Македонија, Анџела Агелер не коментираше во вторникот во врска со отворените истраги и обвиненија кои се поведени против двајцата функционери откако нејзината земја ги стави на „црна листа“ како осомничени за корупција

Костадиновски – Рокас: Неопходно е да се обезбеди и почитува независноста и самостојноста на Уставниот суд

Костадиновски – Рокас: Неопходно е да се обезбеди и почитува независноста и самостојноста на Уставниот суд

Неопходно е да се обезбеди и почитува независноста и самостојноста на Уставниот суд, како впрочем и на целиот правосуден систем, во сите аспекти, констатирале претседателот на Уставниот суд , Дарко Костадиновски и амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Михалис Рокас.

Мерки за претпазливост за четири лица, за Груби и поранешен директор мерки притвор по нивното пронаоѓање

Мерки за претпазливост за четири лица, за Груби и поранешен директор мерки притвор по нивното пронаоѓање

Основното јавно обвинителство од Скопје побара притвор за поранешниот потпретседател на Владата, Артан Груби веднаш штом ќе биде приведен како осомничен за злоупотреба во вршење на службената должност