Притвор за седум припадници на МВР од Штип и Кочани од 30 дена определи Кривичниот суд во Скопје. Тие се осомничени зашто потпишле лиценца за работа на дискотеката без да проверат дали објектот ги исполнува условите за тоа.

Меѓу осомничените се началниците на СВР Штип и Кочани, главниот инспектор за сообраќајни работи и инспекторот за справување со кризни состојби од штипската полиција, понатаму началникот на одделението за полиција на СВР Штип, документаристот во полициската станица Кочани и заменик командирот на оваа полициска станица.

Кривичното дело за кое се осомничени е тешки дела против општата сигурност. Како што соопштија од судот притворот им е одреден поради опасност од бегство, околности кои укажуваат дека ќе ја попречат истрагата со влијание врз сведоци и околности кои укажуваат дека може да го повторат делото.

Тие во судот беа внесени со полициски службеници и лисици на рацете, а само еден од нив одговори на новинарите декеа не чувствува вина за она што се товари во врска со смроносниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“ ноќта кон понеделникот.

Кривичното дело за кое се сомничат е поврзано со издавање согласности за функционирање на диско клубот во Кочани каде се случи пожарот во кој 59 лица го загубија животот, а околу 200 луѓе се здобија со тешки телесни повреди. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот.

Кривичните пријави против полициските службеници ги достави Министерството за внатрешни работи, а министерот Тошковски најави дека листата со осомничени ќе се проширува.

Покрај полициските службеници, досега има мерка притвор за 18 лица, а по барање на јавниот обвинител, пред судијата на претходна постапка ќе биде изведено уште едно лице поврзано со предметот, а тој е и раководител на секторот во Министерството за економија.

По обезбедувањето на доказите во рокот за притвор, Тошковски вели дека ќе се дознае за кое кривично дело ќе му биде поднеасена пријава на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, но Тошковски смета дека кривичнотот дело треба да биде исто како и за сите други лица, но тоа е надлежност на Обвинителството.

globe

Слични новости

Обвинителството бара продолжување на краткотрајниот притвор за 16 лица

Обвинителството бара продолжување на краткотрајниот притвор за 16 лица

Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд достави предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48-часа за 16 лица досега опфатени со постапката на кои оваа мерка им истекува во текот на денот, информираат од Обвинителството