Суд на Босна и Херцеговина им одреди едномесечен притвор на министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ, директорот на „Патишта на Република Српска“ Милан Дакиќ и Младен Лучиќ, сопственик на компанијата „Легенда „ од источно Сараево, кои Обвинителството ги товари за заговор за извршување кривични дела, перење пари, примање мито и злоупотреба на службената положба или овластување.

Во соопштението на Судот на БиХ, објавено на страницата на оваа судска институција по полноќ, се наведува дека мерката притвор за Нешиќ, Дакиќ и Лучиќ е одредена „поради страв дека ќе уништат, скријат, менуваат или фалсификуваат докази и траги важни за кривичната постапка и влијаат врз сведоците, соучесниците или прикривањата“.
Рочиштето во Судот на БиХ, на кое Обвинителството на БиХ побара на тројцата да им се одреди притвор, се одржа вчера.
На Нешиќ пред закажаното рочиште му се слоши, па заврши во итната медицинска помош, за по завршувањето на рочиштето повторно да му се слоши, по што бил хоспитализиран во Клиничкиот центар во Сараево.
Слични новости
Во Турција уапсени 37 луѓе поради објави на социјаните мрежи за апсењето на Имамоглу
Во Турција се уапсени 37 луѓе кои се сомничат дека на социјалните мрежи објавувале провокативни коменатри за апсењето на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу, соопшти денеска министерот за внатрешни работи на Турција Али Јерликаја
Турските власти наредија притвор на градоначалникот на Истанбул
Турските власти наредија притвор на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, и на стотина други лица, меѓу кои и новинари и еден бизнисмен, како дел од истрагата за корупција
Ден на жалост во Црна Гора, Србија и Бугарија поради трагедијата во Кочани
Во Црна Гора денеска е ден на жалост по трагедијата во Македонија кога во пожар во дискотека во Кочани загинаа 59 млади луѓе, а над 100 се повредени. Во Србија и Бугарија утре ќе биде ден на жалост.