Во однос на одлуката на САД за царинските трошоци, за нас станува збор за очекувана одлука на американската администрација, која не ја одмина ниту една земја во светот – дури ни Велика Британија, Канада, Европската Унија и уште стотици други држави. Владините тимови веќе некое време ги анализираат можните последици и заедно имаме подготвен план за надминување на ситуацијата. Оваа одлука нема да има голем импакт врз нашата економија, но ние имаме јасен план како понатаму, информираат од Владата.

-Контактите со американската администрација се веќе воспоставени и ќе продолжат на високо ниво, а Владата ќе работи на изнаоѓање решение и на спроведување на планот.

Она што е значајно да се спомене е дека нема потреба од никаква паника, ниту од избрзани реакции и заклучоци. Станува збор за нешто долго најавувано од оваа администрација, и не е одмината ниту една земја – дури ни најстарите и најтрадиционални партнери на САД.

Ова е обид за репреговарање на трговските односи во светот – нешто што беше неопходно и што, иако сега за некои претставува шок, за други ќе значи можност.

Знаеме дека оваа ситуација е шанса за многу луѓе кои не ѝ посакуваат добро на Владата да напаѓаат неосновано и да се обидуваат да нанесуваат штета врз нашиот углед – било поради лични интереси, било поради партиски цели, било поради малодушност. А некои и поради оправдани дилеми – и нив целосно ги разбираме.

Нападите што ги слушаме од првата група споменати – не се ништо ново. Очекувани се, и тие не знаат ништо подобро од тоа. Но ние ќе ги преживееме и нивните напади, и ќе бидеме посилни – ќе се уверите во тоа, додаваат од Влдата.

globe

Слични новости

Филипче: Имаме обврска пред граѓаните да покажеме дека сме подготвени и дека знаеме, умееме и ќе се бориме за доброто на државата

Филипче: Имаме обврска пред граѓаните да покажеме дека сме подготвени и дека знаеме, умееме и ќе се бориме за доброто на државата

-Ќе ги избереме луѓето кои најдобро ќе не претстават на локалните избори, луѓето кои имаат кредибилитет да излезат во своите средини, пред своите соседи, пред пријателите и познаниците во своите општини, луѓе на кои може да им се верува дека политиките и програмите кои ќе ги ветат, ќе може да ги исполнат. Ќе имаме тешка работа затоа што ќе се бориме во многу општини со политичкиот противник ВМРО-ДПМНЕ, за жал нивните градоначалници не испорачуваат добри политики, гледаме се повеќе корупциски скандали, не ги водат општините како што треба, рече Филипче.

Анкета на „Детектор’“: Вкупно 64 проценти од граѓаните против уставни измени

Анкета на „Детектор’“: Вкупно 64 проценти од граѓаните против уставни измени

Вкупно 64 проценти од граѓаните сметаат дека владејачкото мнозинство не треба да прифати внесување на Бугарите во Уставот дури и по цена на повторно одложување на почетокот на преговорите со Европската Унија, додека 45 отсто сметаат дека Владата ќе го надмине спорот со Бугарија