Судијката во понеделникот го одложи судењето на осомничениот за вториот атентат врз новоизбраниот претседател Доналд Трамп до септември 2025 година, според објавата на судот.
Адвокатите на осомничениот Рајан Рут побараа одложување на судењето, кое беше закажано за 10. февруари, повикувајќи се на големиот број докази во случајот.
Судијката од сојузната држава Флорида, Ајлин Кенон го одобри одложувањето, но таа рече дека одложувањето до декември 2025 година, што го побара одбраната, е „претерано“. Таа го закажа почетокот на судењето за 8. септември 2025 година.
Педесет иосумгодишниот Рут е обвинет по пет точки од федералното обвинение, вклучително и обид за убиство на главен претседателски кандидат. Тој е обвинет дека се позиционирал, вооружен со пушка, надвор од теренот за голф на имотот на Трамп на Флорида во септември со намера да пука во Трамп за време на претседателската кампања.
Рут се изјасни за невин.
Судијката Кенон, задолжена за случајот, е истата судијка која ја отфрли кривичната постапка против Трамп, во која по неговиот прв мандат беше обвинет за незаконско задржување на строго доверливи документи.
Слични новости
Руски товарен брод потона во Средоземното Море по експлозија
Рускиот товарен брод „Урса мајор“ потона во Средоземното Море меѓу Шпанија и Алжир по експлозија во моторниот простор, а двајца членови на екипажот се водат за исчезнати
Израел првпат потврди дека стои зад атентатот на Ханије
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, првпат потврди дека Израел стои зад атентатот на лидерот на палестински Хамас, Исмаил Ханије во Техеран ова лето
ОН: Повеќе од 200 луѓе загинаа во масакрот на Хаити
Водачот на бандата Монел „Микано“ Феликс ги наредил нападите откако на неговото дете му се слошило, обвинувајќи ги локалните жители дека ја предизвикуваат болеста преку вуду