Летниот Бокс офис доби силен буст со акцискиот спектакл на Кристофер Нолан „Одисеја“ правен според Хомеровиот еп. Продукциските трошоци на филмот го чинеа студиото Универзал 250 милиони долари, но филмот заработи 124,5 милиони долари викендов само во САД и дополнителни 139,5 милиони долари на 73 пазари надвор од САД.

Ова е најдобро отварање на филм на Кристофер Нолан, а досеха најголема заработка имаше неговиот филм „ Подемот на Црниот витез“ од трилогијата за Бетмен  кој во 2012 заработи 249 милиони долари глобално на премиерата.

И публиката и критиката дадоа одлични оценки на новиот спектакл на Кристофер Нолан снимен со 70 милиметарска камера, а главните улоги во филмот ги толикуваат Мет Дејмон, Том Холанд, Ен Хатавеј, Зендеја и Шарлиз Терон.  

Слични новости

Бил Гејтс предупредува дека вештачката интелигенција може да предизвика поголема штета отколку корист

Бил Гејтс предупредува дека вештачката интелигенција може да предизвика поголема штета отколку корист

Гејтс смета дека е клучно државите и компаниите да не чекаат да се појават последиците, туку отсега да постават правила кои ќе овозможат користа од вештачката интелигенција да биде поголема од ризиците.