Летниот Бокс офис доби силен буст со акцискиот спектакл на Кристофер Нолан „Одисеја“ правен според Хомеровиот еп. Продукциските трошоци на филмот го чинеа студиото Универзал 250 милиони долари, но филмот заработи 124,5 милиони долари викендов само во САД и дополнителни 139,5 милиони долари на 73 пазари надвор од САД.
Ова е најдобро отварање на филм на Кристофер Нолан, а досеха најголема заработка имаше неговиот филм „ Подемот на Црниот витез“ од трилогијата за Бетмен кој во 2012 заработи 249 милиони долари глобално на премиерата.
И публиката и критиката дадоа одлични оценки на новиот спектакл на Кристофер Нолан снимен со 70 милиметарска камера, а главните улоги во филмот ги толикуваат Мет Дејмон, Том Холанд, Ен Хатавеј, Зендеја и Шарлиз Терон.
Слични новости
Повеќе од 30 насто од младите во Јапонија не сака деца
Меѓу мажите, 33 насто изјавиле дека не сакаат деца што е пораст од дури 9,8 насто во однос на претходната анкета во 2021. Процентот кај жените пораснал за 8,8 насто и изнесува 32,4 насто.
Украдени најмалку 4 слики на Реноар од музеј на југот на Франција
Од музејот Огист Реноар во Кањ сир Мер, на југот од Франција, во текот на минатата ноќ се украдени најамлку четири слики на Реаноар, соопшти француската полиција.
На продажба касети со приватни разговори и пробите на „Оејзис“
Архивата на британскиот бенд „Оејзис“ која содржи повеќе од 100 часа снимки од концерти, проби, саундчекирања и приватни разговори на членовите на бендот, ќе биде понудена на аукција во Велика Британија, а се проценува дека ќе достигне до 1,6 милиони фунти


